Двегодишно девојче почина во тетовската клиничка болница од задушување со секрет
Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек починало по два дена лекување во Клиничката болница во Тетово. Како што информираа од болницата девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата но по влошување на здравствената состојба била побарана помош и од Одделението за оториноларингологија за аспирација на секрети од усната шуплина.
Велат дека иако биле преземени сите медицински мерки сепак за време на интервенцијата девојчето не покажало знаци на живот.
Клиничка болница Тетово
- Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки. Беше побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина.
Дополнително од болницата објаснуваат дека побарале и да се изврши обдукција на телото со цел расветлување на причините за смртта, но семејството на девојчето одбивало.
ОЈО
- Обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче
Случајот го потврди и тетовската полиција, од каде соопштија дека во содејство со обвинител работат на целосно расчистување и документирање на случајот.

