Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта
Се' повеќе расте интересот за запишување на учениците во средно стручно образование. Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување, според Министерството за образование и наука, се запишале околу 16 000 ученици.
Од кои 4 652 ученици се запишани во гимназиско образование, а драстично поголема е бројката за упис во сручните училиште односно 11 428 ученици. Дел од директорите на средните стручни училишта за ТВ 24 велат дека покрај кампањите за запишување во средно стручно училиште, родителите и учениците се свесни за недостатокот на кадар во економските оператори, компаниите, фирмите, па затоа на крајот нивната одлука се сведува за упис во стручно училиште.
„Потребно е под итно да се донесе новиот закон за средно образование. Се' уште фигурира бројката од 34 ученици во паралелка, а знаеме дека во основните средните училишта има се' помалку деца. Мислам дека можеби погрешна политика е водена од страна на Министерството за образование и наука во минатите години. Дозволувано е дел од профилите кои веќе ги има во средните училишта, се дозволува повторно да се отворат исти такви профили во други училишта, кои се на територија на Град Скопје. Мислам дека во иднина не треба така да се прави, треба да се отвораат нови профили кои се недостаток односно каде што има недостаток на кадар, а не да се повторуваат.“ - вели Димитар Ѓорѓиев директор на СЕТУ „Михајло Пупин“.
Последните години интересот за средните стручни училиште се повеќе расте, најверојатно тоа е така поради дуалното образование и она што им се нуди на младите по завршување на средното образование.
„Ние како училиште имаме позитивни примери на ученици, кои по завршувањето на образованието останале во компанијата. Во делот за напуштање на државата, кај нас нема таков пример и не би сакала да коментирам. Нашата цел како училиште е да ги оспособиме младите, не само да се вработат во компанијата туку и да добијат поддршка понатаму самодасевработат и да останат и да ги имаме тука како бенефит на државата.“ - вели Јасмина Гудоманова директорка на СУГС„Димитар Влахов”.
Сивата економија директно влијае на отворање на нов бизнис, така што младите се' помалку се обидуваат да отворат свој бизнис за да опстанат на пазарот на трудот. Државата треба да обрне внимание на стратегијата, а во предвид да го земат хрватскиот пример, вели претседателот на Комора на знаетчии за ТВ 24.
„Ние како Комора, даваме сугестии за самовработувањето, кое државата го дава се' со цел да ги задржиме младите тука. Доколку се одлучат да отворат свој бизнис или да се вработуваат. Државата до сега беше нема. Не може самовработувањето да се овозможи со 5 000 евра за секоја професија, туку да се дадат поголеми средства. Го имаме и хрватскиот пример кои овозможуваат средства од 30 000евра за младите да се самовработат во својата држава и да просперира на пазарот на трудот.“ - вели Агрон Фазлији претседател на Комора на знаетчии.
Претседателот на Средношколскиот сојуз потенцира дека треба да им се овозможи на младите по завршувањето на образованието да има соодветни работни позиции за нив во државава, затоа што и голем дел од учениците сакаат да се дообразуваат и работат онаму каде што растат и учат.
„Како Сојуз, мислиме дека најголемиот фактор за упис во средно стручно е тоа што учениците се свесни, имаме повеќе алатки може да се користат и учениците да видат што може да очекуваат од нивното средно образование. Во нашите средни стручни училишта има добри програми кои им овозможуваат на учениците да можат да се запишат тука или надвор од земјата и да се знимаваат со добра професија.“ - вели Берин Мухамед претседател на Средношколски сојуз.
На факултетите се помалку се запишуваат младите, а еден од главните факори е и исселувањето од државата.