ДВЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ ВО КОНЗОРЦИУМ – ФИНАНСИЕРИ НА ИЗГРАДАБАТА НА НОВИОТ СКОПСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Foto

ДВЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ ВО КОНЗОРЦИУМ – ФИНАНСИЕРИ НА ИЗГРАДАБАТА НА НОВИОТ СКОПСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Банката за развој при советот на Европа и Европската инвестициона Банка ќе ја финансираат изградбата на новиот клиниччи центар во Скопје, велат од министерството за финансии за ТВ24. Наместо конзорциумот од трите комерцијални банки кои првично беа кажани во јавноста сега од финансии потврдуваат дека веќе е усвоена информацијата и од страна на Владата за финансирање на проектот од овие две меѓународни финансиски институции.

„Двете развојни банки во конзорциум изразија интерес и на 171-та седница Владата ја усвои Информацијата за финансирање на проектот од овие две меѓународни финансиски институции и постапката е во тек.“ - велат од Министерство за финансии

За сега се уште нема иформации колкав ќе биде заемот, колкави ќе бидат каматните стапки и на колку години ќе се исплаќа кредитот. Но се поизвесно станува дека камен темелникот нема да биде удрен до крајот на месецов како што беше најавувано од страна на Владата. Министерот за здравство вели дека се уште не е почната ниту втората фаза на преговори со компаниите кои треба да го градат новиот клинички.

На фактичкиот камен темелник на самата зграда ќе претходат многу други работи- Венко Филипче – Министер за здравство.

А освен скопскиот клинички центар, закочи и процедурата на изградбата на штипскиот. Ревизијата на проектот и недостатоците во процедурата од претходната власт е причина што болницата се уште не е готова, тврди Филипче. Уверува дека изградбата ќе се интензивира и наскоро ќе се заврши. Штипскиот клинички центар почна да се гради пред 5 години и досега требаше да биде готов, но наместо тоа сега доплнителните 7 милиони евра ќе се трошат за доизградбата. Претходно од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваа за финансиски малверзации од страна на власта и побараа и обвинителството да се вклучи во овој случај.

0 Коментари

Остави коментари