Две момчиња загинаа во судир на автомобили на „Првомајска“ во Скопје
Foto

Две момчиња загинаа во судир на автомобили на „Првомајска“ во Скопје

Стравотна несреќата се случи на Првомајска кој води кон населбата Драчево. Сообраќајот е блокиран, а пристигнале и возила за брза помош, а на лице место биле и роднини на загинатите и неколку очевидци.

Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец кон Драчево, а во неа учествувале два автомобила марка Пежо и Голф 5 кои во судирот се уништени.

На местото на несреќата се врши увид по што полицијата ќе излезе со дополнителни информации. Досегашниот биланс на оваа локација се 7 жртви во рок од 14 дена. Граѓаните често посочуваа толку на овој булевар се вози со голема брзина.

0 Коментари

Остави коментари