Две лица во краткотраен притивор за аферата „5 тони марихуана“ во Србија со потекло од Македонија

48 часовен притвор добија две лица осомничени за шверцот на петте тони марихуана во Србија. По скоро дваесеттина дена од избивањето на скандалот и по дозираните информации од македонските истражни органи,  од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска известија дека краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и преземање на соодветни дејствија.

ОЈО ГОКК: Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи,  особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.

Информацијата од обвинителство следува откако премиерот Христијан Мицкоски во текот на денот навести дека сепак има приведени лица и дека целата операција се проширува 

Христијан Мицкоски, премиер на Македонија: Дали утврдивте дали марихуаната излегла од земјава или не и доколку не била правилно третирана зошто нема приведени се уште?

Не би рекол дека нема никој приведен, но да бидеме трпеливи. Да сега за сега она што е потребно да го споделиме со јавноста, го споделуваме, сепак станува збор за огромна количина, не се наоѓаат секој ден 40 тона марихуиана кој се резултат на последиците на една несреќна влада која освен што ја ограбуваше државата својата економска политика ја темелеше на производство на дрога и ја распродаваше државата пред се нејзиниот национален интерес. Се отвараат нови аспекти и нови перспективи и се зголемува бројот на лица кои се замешани и се отвараат нови позиции и нови агли.

Од опозициската СДСМ  повторно реагираа за случајот со петте тони марихуана кои од Македонија беа внесени  и запленети во Србија. Велат дека власта се обидува да го скрие скандалот.

СДСМ: Како може да нема одговорност од никој за шверц на огромна количина дрога, вредна околу 40 милиони евра? Може само ако скандалот води до врвот на власта која што се обидува да го заташка и тоа веќе на сите им е јасно. Се обидоа и со дефокус за наводно 40 тони запленета нелегална марихуана да побегнат од одговорите и уште повеќе се заглавија. Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, вината е исто така во врвот на владата и институциите кои ги води тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

За петте тони марихуана , српските истражни органи покренаа истрага против петмина осомничени. На тројца им определија  притвор, еден е во бегство.

Во меѓувреме, македонската влада даде зелено светло да се проверат сите фабрики кои имаат дозвола за одгледување и производство на медицински канабис, откако во земјава беа запленети над 40 тони марихуана.

Според последните информации на Министерството за здравство, во Македонија има 43 правни субјекти со лиценца. На 14 им е одземена лиценцата за 4 се води постапка . За запалената на 40 тони  марихуна на домашен терен сеуште нема информации за прведени или повикани на разговор.