Две лица се уапсени по вчерашната заплена на 188 килограми марихуана на „Богородица“

Две лица, од кои едното од Куманово, а другото од Тетово се приведени откако вчера на граничниот премин „Богородица“, во акција на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа се запленети 188 килограми наркотична дрога марихуана.