Две лица приведени за пукањето во Арачиново

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими. 
 
Шоферот на градоначалникот Ридван Ибрахими, беше пренесен во болница, и веднаш подложено на операција, а со полесни повреди беше уште едно лице.
 
Мотивите за нападот врз градоначалникот кој е од редовите на ДУИ официјално не се познати, но некои медиуми изнесуваат претпоставки дека станува збор за внатрепартиска пресметка. 
Од Клиниката за торакална хирургија денеска информираа дека состојбата на 21-годишниот А.А. кој беше ранет во вчерашната престрелка во Арачиново, е стабилна состојба. Од Градска болница велат дека и другиот ранет, 39-годипниот Е.С., е во добра состојба.