Две компании една деценија вршеле ископувања кај изворите Шум во Струга, градоначалникот бара кривична одговорност
Две компании кои вршеле ископ близу до изворот се едни од причинителите за хаваријата кај Шум поради која стружани 11 ти ден се без чиста вода за пиење вели струшкиот градоначалник кој додава дека таму се вршени длабоки ископувања и оштетувања кои многу тешко ќе се санираат.
Тој на денешната вонредна седница на струшкиот Совет поднесе извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба во кој се констатира дека биле дозволено ископувања повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална корист. Имало сериозна институционална аномалија, бидејќи една од компаниите добила дозвола за ископувања во оваа чувствителна зона каде не е утврдена заштитна зона од 1 километар околу изворот, зона од 300 метри од изворот, каде што не треба да се дозволи никакво ископување ниту движење во близина, зона од 600 метри и зона до 1 километар која требало да биде оградена и физички заштитена се вели во извештајот.
Во водата се пронајдени неколку бактерии меѓу кои и ешерихија коли. Наведуваат дека освен ископувањеата таму фактор за загадувањето е и септички јами во куќите околу изворите. Нови примероци од водата се пуштени на дополнителни испитувања во државниот Центар за јавно здравје.
ТВ 24 и претходно информираше дека каменоломот кај Шум добил забрана за работа а сега се чекаат реузлтатите од истрагата од Основното јавно обвинителство кое ќе треба да потврди дали хаваријата е предизвикана од неправилната и нестручна експлоатација на минерали, но и дали фирмата имала соодветна дозвола за тоа. По бурните реакции во јавноста и Регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево отвори постапка по сопствена иницијатива за да ја испита ситуацијата.

