Две изведби на балетот „Оревокршачка“ во МОБ
Foto

Две изведби на балетот „Оревокршачка“ во МОБ

Македонската опера и балет вечер и на 2 февруари (сабота) од 20 часот ќе ја изведе  балетската претстава „Оревокршачка“, која на светските сцени е меѓу најпопуларните и најизведувани дела на музика на Петар Илич Чајковски.

Улогата на Клара во вечерашната изведба ќе ја толкува Марија Кичевска-Шокаровска, а в сабота –  Мими Поп Алексова-Атанасовска. Во ликот Принц ќе настапи Бобан Ковачевски, а Мала Клара ќе биде Бојана Арсовска.

Ќе учествува целиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет кој ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

-Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година, соопшти МОБ во најавата на балетот. 

0 Коментари

Остави коментари