Две групи пукале меѓу себе, еден е повреден во престрелка на Бит пазар

Од МВР потврдија дека денеска околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Војдан Чернодрински на подрачјето на Бит-пазар имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото се најдени повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила.