Две градоначалнички места за Национална алијанса за интеграција, по едно за ВМРО-ДПМНЕ и за Демократската партија на Турците

Национална алијанса за интеграција победи во Гостивар и Врапчиште. Валбон Лимани и Исен Шабани повторно избрани за градоначалници.

Кандидсатот на коалицијата предводена од ДУИ, лимани, освои далеку повеќе гласови од кандидатот на Коалицијата Влен, Невзат Бејта во Гостивар откако за него гласаа 15.345 лица, во споредба со Бејта кој успеа да собере 7.510 гласови...

Валбон Лимани – градоначалник на Гостивар

„Гостиварци гласаа со Гостивар во срцето, и ви испраќаме само една порака – поздрав од Гостивар. Благодариме на секој активист и на секој граѓанин кој ни даде глас, како и на оние кои не гласаа за нас. Тука ветуваме дека јас и целиот тим и Советот на општината ќе им служиме на гостиварци чесно и ќе направиме сè што е најдобро за Гостивар “

Во Врапчиште, довербата ја доби Исен Шабани од НАИ, за кого гласале над 61 процент од граѓаните, победувајќи го независниот кандидат Зуљхајрат Демири.

Промена на локалната власт има во Маврово-Ростуше, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакуповски, освои повеќе гласови од кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Анес Ахмети... 

Во Центар Жупа, единствениот кандидат, Аријан Ибраим, од Демократската партија на Турците,  ја доби поддршката на 97% од гласачите..На Ибраим, ова ќе му биде четврти последователен мандат на чело на општината.

Излезноста на изборите беше ниска...Според податоците на Државната Изборна Комисија, до 18:30 гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. .