Две години од руската инвазија на Украина
Втората годишнина од руската инвазија врз Украина во цел свет се одбележува со комеморации, демонстрации и политички дебати. Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети аеродромот Гостомел каде што се водеа некои од најзначајните битки во првите денови од руската инвазија.
- Затоа се бориме во последните 730 дена од нашиот живот. И ќе победиме на најдобриот ден од нашите животи. - изјави Зеленски.
Зеленски во знак на солидарност беше придружуван од странски лидери кои пристигнаа во Киев по повод годишнината, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерите на Италија и Канада, Џорџа Мелони и Џастин Трудо. Посочувајќи на големиот авион од типот „Антонов“, наречен „Сон“, кој беше уништен во Хостомел пред две години, Фон дер Лајен од Киев нагласи дека можеби е уништено леталото, но не и сонот за независна и суверена Украина.
- Ја спасивте вашата земја и му дадовте шанса на отпорот на Украина. Само минатата недела соборивте седум борбени авиони, се вративте во Црното Море и ја продолживте трговијата. Ова се чинеше невозможно пред две години. - изјави Фон дер Лајен.
- Ние сметаме дека Украина се бори и за нашата слобода и за нашиот национален интерес.- изјави Џорџа Мелони премиер на Италија.
Генералниот секретар на НАТО пак Јенс Столтенберг му порача на Зеленски дека Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност.
- Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили. - изјави Столтенберг.
Поддршка за Украина изрази и британскиот премиер риши сунак кој вети дека лондон ќе стои покрај киев „сé додека е потребно“ и дека „тиранијата никогаш нема да триумфира“. Макрон ПАК го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина нема да „ослабне“ и дека „не треба да се смета на“ „заморот на Европјаните“. Борел пак порача дека војната нема сила да ја промени географијата на Европа.
По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме. И додека на украинските сили им снемува муниција и оружје, а западната помош виси на конец. Русија сè уште контролира околу една четвртина од земјата.