Две експлозии во близина на израелската Амбасада во Копенхаген
Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на амбасадата на Израел во Копенхаген, пишува данскиот весник „Политикен“.
Нема повредени, се наведува во соопштението на полицијата.
„Никој не е повреден, а ние вршиме првични истраги на местото на настанот“, пишува полицијата во Копенхаген на X. „Се испитува можна поврзаност со израелската амбасада, лоцирана во областа“.
Засега нема коментар од израелското Министерство за надворешни работи.
Во текот на денешниот ден, полициските службеници ќе одржат прес-конференција на која ќе соопштат детали за инцидентот.