Две децении „Zan Mitrev Clinic“
Foto

Две децении „Zan Mitrev Clinic“

„Zan Mitrev Clinic“ на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999-та година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје. 

Официјално, болницата беше отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. 

По две децении успешно работење и голем број задоволни пациенти, денес од Клиниката можат да се пофалат со низа на награди и признанија за успешно работење, милион и петстотини прегледи и интервенции, 35.000 операции.

0 Коментари

Остави коментари