Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода
Foto

Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода

Законот во делот за судење по скратена постапка за насилство мора да се менува. Ова е ставот на правниот тим од невладината „ЕХО“, откако насилниците што во јануари тепаа девојка, а целиот настан го снимаа со  мобилен и покрај правосилната пресуда ќе бидат на слобода најмалку до септември.

Нема основа тие и понатаму да останат во притвор. Тоа вели правниот тим на нападната девојка е доказ за слабоста на ова законско решение. Сега девојката е во паника, а целиот тим што изминативе месеци работи со неа размислува и за дополнителни мерки за безбедност.

„Ние како правен тим и здружение ЕХО ќе бараме од државата во Законите целосно да се имплементира Истанбулската коннвенција за заштита од насилство. Овој предмет изнесе една очигледна слабост што ние ќе бараме да се промени“, вели во телефонска изјава Билјана Андонова, дел од правниот тим на нападната девојка

Нивната реакција доаѓа откако двајцата насилници излегоа од притвор и покрај тоа што Апелацискиот суд во Штип им ја потврди пресудата од 2,6 години. Законот вели дека тие не можат да бидат во притвор подолго од 60 дена, а поради владината Уредба со која отслужувањето на казни затвор до три години, поради пандемијата, се одлага до септември, тие остануваат на слобода. Нивниот бранител не гледа опасност за никого, бидејќи тие и пред судот се покајале за стореното.

Дополнителна заштитна мерка е што осудените момчиња имаат забрана да и се приближат на девојката најмалку уште една година. Ако го прекршат ова, прават ново кривично дело што само може да им донесе донесе дополнителни години во затвор. Апелацискиот суд од Штип одлучи да ги потврди казните на двајцата насилници на 25 јуни, годинава, отфрлајќи го барањето на штипското обвинителство за повисоки казни.

0 Коментари

Остави коментари