Двајца загинати и тројца повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино село, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која две лица загинаа, а тројца се повредени.

Од МВР информираат дека возачот кој ја предизвикал сообраќајката е уапсен.