Двајца уапсени за убиството на новинарката во Северна Ирска
Foto

Двајца уапсени за убиството на новинарката во Северна Ирска

Уапсени се двајца тинејџери во врска со убиството на новинарка Лира Мекки во Лондондери, Северна Ирска, соопшти полицијата. Момчињата на возраст од 18 и 19 години се задржани во лондодери согласно антитерористичките закони и се одведени во Белфаст на распит. Новинарката Мекки беше погодена од куршум додека известуваше од протест во Лондодери во четвртокот навечер.

Локалната полиција вчера соопшти дека се сомнева дека за тоа е одговорна „Нова Ира“. Помошникот началник на полицијата Марк Хамилтон вчера изјави дека полицијата случајот го третира како „терористички инцидент“.

„Нова Ира“ е група републиканци кои го отфрлаат договорот склопен на Велики петок во 1998 година. Со тој договор, ИРА прифати политичко решение за ставање крај на долгогодишните насилства, во кои загинаа над 3.700 луѓе. Во последните месеци се забележува зголемување на тензиите во Северна Ирска.

0 Коментари

Остави коментари