ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ВЕЛЕС СТАНАА ВИЦЕПРВАЦИ НА ЕВРОПА НА НЕОДАМНА ОДРЖАНИОТ „ЕВРОПСКИ КВИЗ ЗА ПАРИТЕ“
Foto

ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ВЕЛЕС СТАНАА ВИЦЕПРВАЦИ НА ЕВРОПА НА НЕОДАМНА ОДРЖАНИОТ „ЕВРОПСКИ КВИЗ ЗА ПАРИТЕ“

Имаат само 15 години, а веќе се вицепрваци на Европа. Велешаните Викторија Панова и Марко Ингилизов го освоија второто место на Европскиот квиз на парите, кој пред неколку дена се одржа во Брисел. Успехот е уште поголем, ако се има предвид дека овие ученици од гимназијата Кочо Рацин се натпреваруваа во конкуренција на 100 илјади нивни врсници од Европа.

Викторија и Марко ја претставуваа Северна Македонија откако победија на Државниот натпревар кој се одржа во март. На Европскиот квиз уште по првата фаза се наметнале како фаворити, иако многумина од учесниците не знаеле ниту каде се наоѓа Македонија.

Победата за влакно им избегала на Викторија и Марко. Сепак, зад нив оставиле земји како Германија и Франција, кои важат за светски економски џинови. Ова е голем успех за државата и пред се за Велес и гимназијата, вели професорот Марјан Стојановски кој е ментор на Викторија и Марко.

Европскиот квиз на парите, на кој годинава победи словенија, е натпревар за деца од 13 до 15 години, во областа на економијата и европскиот даночен систем. Го организира Европската банкарска федерација во соработка со Националните федерации.

0 Коментари

Остави коментари