Двајца позитивни на коронавирусот во Формула 1
Foto

Двајца позитивни на коронавирусот во Формула 1

Од Формула 1 првично објавија дека сите тестови за новиот вирус Ковид-19 се негативни, но странските медиуми дошле до поинаков заклучок. Две лица се заразени со коронавирус.

Брзо по тоа луѓето од „најбрзиот циркус“ потврдија дека биле откриени два позитивни теста, но дека тоа биле луѓе кои не биле на втората трка од оваа сезона, што се возеше минатата недела во Шпилберг, Австрија.

Во соопштението се наведува дека дури 4.992 тестови биле извршени во периодот од 10 до 16 јули и дека два биле позитивни.

Од Формула 1, посочуваат дека заразените биле изолирани од оперативниот дел и дека се во изолација, како и сите нивни блиски контакти.

Следната Ф1 трка ќе се вози во недела во Унгарија на познатата патека „Хунгароринг“. Најбрз во втората тренинг сесија беше Себастијан Фетел од Ферари.

0 Коментари

Остави коментари