Дваесетти пораз за Чикаго и за Феникс
Foto

Дваесетти пораз за Чикаго и за Феникс

Екипите на Чикаго Булс и Феникс Санс ја играат една од најлошите сезони во нивната историја.

Двете екипи ноќеска по дваесетти пат беа поразени од стартот на првенството. Чикаго има само пет победи, а Феникс четири и е со најслаб биланс од сите екипи.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта меѓу вторник и среда:

Индијана – Чикаго 96:90
Мајами – Орландо 90:105
Далас – Портланд 111:102
Феникс – Сакраменто 105:122
Јута – Сан Антонио 139:105.

0 Коментари

Остави коментари