Дваесетина активни и познати за граѓаните, а 63 регистрирани во Единствениот судски регистар за политички партии

Колку партии ќе учествуваат на следните избори се уште е рано да се знае, но до 21 септември во Единствениот судски реrистар на nолитички nартии во Основниот граѓански суд - Скопје беа заnишани вкуnно 63 nолитички nартии, а една е во постапка за регистрација. Освен во Скопје, политичка партија може да се регистрира и во судовите во Тетово, Штип и Битола. Но, податоците и од овие судови се слеваат во Единствениот судски регистар на политички партии.  

За неколку месеци во земјата треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.

За избори и за кандидати, како за претседател, така за премиер, се зборува, но тие засега се поврзуваат или се во „сенка“ на уставните измени. Доколку се остане според предвидениот календар, ова ќе бидат први парламентарни избори по неколку изборни циклуси во редовниот термин. Сепак, од одлуките на политичарите зависи дали навистина тоа ќе биде така или ќе имаме избори пред рокот.

Последните парламентарни избори во Македонија се одржаа во 2020 година, а тогаш на избори, според податоци на Парламентарниот институт, учествувале 50 политички партии, а народни избраници на почетокот на мандатот имале само 19 партии.