Дваесет и две училишта се затворени во Франција поради случаи на коронавирус
Учебната 2020-2021 година во Франција почна за сите ученици на 1 септември, со почитување на санитарните мерки и протоколи, но по три дена настава 22 училишта се затворени, откако во нив беа откриени случаи на коронавирус.
Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкие, утринава соопшти дека во европскиот дел на Франција се затворени 12 училишта и десет на островот Реунион.
-Во однос на 60. 000 основни и средни училишта во Франција ова е релативно мала бројка. Што се однесува до одделенијата, погодени се околу стотина. Бројката се менува секојдневно. Ние дневно активираме 250 антиковид протоколи. Односно дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за зараза со Ковид-19. Интересно е да се забележи дека сомневањата поврани со Ковид-19 во училиштата се поврзани со надворешни фактори, истакна Жан Мишел Бланкие.