Дваесет годишник уапсен за подметнување на пожарот во Штип

25 годишник фатен како потпалува сува трева покрај магистралниот пат Штип-Кочани. Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода, а од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

МВР

Б.С.(25) од Штип бил затекнат околу 12:00 часот во с. Долни Балван, штипско, како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на с.Долни Балван. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З.. 

Штипјанецот пак кој вчера се здоби со сериозни изгореници гаснејќи пожар во неговата викендица е во стабилна состојба. Од Клиничка болница-Штип информираат дека поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Синоќа надлежните откако го посетија повредениот соопштија дека успеале да го изгаснат пожарот, кој брзо со ширеше бидејќи беше зафатена сува трева, а дополнително беше разгоруван и од ветерот.  

Инаку, изминатите два дена во околината на Штип се случија два сериозни пожари, кои беа локализирани, а потоа и целосно угасени по интервенција на поголем број пожарникари од локалната противпожарна служба, како и нивни колеги од територијалните противпожарни единици од Кочани и Свети Николе.

Првиот пожар што избувна во средата на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип, се претпоставува дека бил предизвикан од удар на гром, додека пак за вториот кој вчера избувна недалеку од ова место, првичните сомнежи говорат дека истиот најверојатно бил подметнат, но факт е дека штетите се огромни по дводневните пожари кај Плуждино во Штип.