Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на околу 12 километри од центарот на Барселона.

Возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Засега не се познати причините за несреќата.

Од итната помош посочија дека 150 лица се полесно а пет лица се потешко повредени.

Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии.