Два високи пласмани за Македонски каратисти од Светската карате лига во Португалија

Викторија Јовановска го освои петтото место на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, откако во борбата за бронзата зауби со резултат 4-7 од - Анквуд Олаја Енхаили од Шпанија.

Ова е успех за Јовановска, иако радоста можеше да биде поголема, бидејќи каратистката извојува 4 победи а во полуфиналето загуби 0-1 од Ешли Какиај од Холандија. Во борбата за медал водеше со 4-3 поени на само 9 сек до крајот За жал таа не успеа да го зачува водството и мораше да се задоволи со високиот пласмн на петто место.

Во борбите на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, неколку каратисти забележаа по две победи.

Најискусниот репрезентативец, кој беше и во улога на тренер, Петар Заборски првата борба ја загуби, но доби шанса во репасажот бидејќи Херохи Пицул од Украина се пласира во финалето. Петар одлично стартуваше и заблежа две победи, а во третата беше поразен со минимален резултат 0-1 од Швеѓанецот Рики Хааг.

Витомир Трајковски забележа две ефектни победи, а во третата средба со Нико Мантере од Финска е поразен со 1-2. Во истата категорија Петар Спасеновски забележа победа и пораз.