Два пожари во Скопје, гори кај ПС „Пролет“ и на Качанички пат

Пожар избувна полднево на Качанички пат во скопско Визбегово. Според информациите од Центарот за управување со кризи гори ѓубре и сува трева. Според информациите од терен, сепка запален е и објект. Интервенира единица за противпожарната служба на Скопје.

Во меѓувреме, ЦУК информира и за уште неколку пожари во Скопје и скопско. Гори пожар на отворено кај средното училиште „Димитар Влахов“, во регион на населбите Кисела Вода и Аеродром. Поѓар има и во Сопиште.