Два онлајн концерти во рамки на меѓународната музичка програма на МКЦ
Foto

Два онлајн концерти во рамки на меѓународната музичка програма на МКЦ

Во рамки на меѓународната музичка програма „Cross Štream“ на Младинскиот културен центар (МКЦ) во соработка со Kino Šiška, Љубљана во време на коронавирус, вечер ќе се одржат два онлајн концерти.

Како што информира МКЦ, со почеток во 21 часот е концертот на „The Canyon Observer“. -Нивната музика содржи скриен грув, силно матните вокали ја прават лирика целосно неразбирлива, одземајќи им го значењето на гласовите и ги трансформира во уште еден инструмент во ѕидот од звуци, стои во соопштението од МКЦ.

Во 22:15 часот е концертот на „My Tear“. Оваа група настана кога бендот „Фонија“ го смени своето име. Причината беше новиот звук на групата што одеднаш прерасна од панк-рок во инди/new wave. „My Tear“ е дел од сцената на Балкан Велики, собрана околу Студио 1060 во западно Скопје. Во скоро две години постоење, групата набрзина излезе од анонимност со песните „Остави ме да бидам“, „Последниот Дедо Мраз“ (заедно со Петар Младеновски од Суперхикс) и „Лаги шарени“, кои исто така дојдоа до првите топ-листи на популарните радиостаници во земјава. „Остави ме да бидам“ беше три недели на врвот на табелата на Антена 5 и Радио Бубамара и е прогласен за сингл на годината (2018) од култното инди-радио Канал 103.

0 Коментари

Остави коментари