Два мали брода со околу 170 мигранти пристигнале на грчкиот остров Китира

Околу 170 мигранти, во два одвоени случаи, со два мали брода, во текот на вчерашниот ден пристигнале во јужниот дел на грчкиот остров Китира, а уапсени се најмалку три лица, осомничени за криумчарење.

За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, а биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни.

Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата била пронајдена на карпест брег.

Во малиот брод, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, имало 73 лица, мнозинството од Ирак и Иран, но и двајца Руси и сите биле пренесени во конкретен простор за официјално да бидат преброени и регистрирани.