Два дена комисиска расправа за законите за „Бехтел и Енка“
Законите за Бехтел и Енка и денеска пред пратениците. Откако експресно го усвои дневниот ред, комисијата за европски прашања денеска го разгледува законот за работни односи. Бидејќи станува збор за закони на кои им се става приоритет, расправата ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени.
Опозицијата најави кривични пријави за кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и наметнување на спикерската волја над правото.