Дурмиши: Дали ќе има зголемување или намалување на минималната плата допрва ќе се знае

Во буџетот се предвидени пари за раст на минималната плата но, дали ќе се зголеми или намали точно ќе се знае во март следната година, ова го изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, тој додава дека постои потлитичка воља минималецот да порасне на 450 евра но, тоа треба да го покаже и пресметката. 

„Во рамки на законот во март кога ќе се прават анализите ќе се покачува минималната плата или ќе се намалува не знаеме. Но предвидени се средства да се покачува минималната плата. Ако треба во друго време да се покачува минималната плата, еве да речеме во декември, надвор од рамки на законот треба во рамки на економско социјален совет да предложиме да се менува законот за минимална плата.   “ - вели министерот за економија Бесар Дурмиши

Растот на минималната плата ќе се договара на следниот економско социјален совет кој треба да се случи на почетокот во декември. Трпението полека попушта кај работниците. Велат синдикалците. 

Работниците си заминуваат од државата поради ниските плати, вели претседателот на  Сојузот на синдикатите на Македонија. Слободан Трендафилов додава дека со мизерните плати работниците имаат пари само за билет во еден правец а тоа е надвор од Македонија.

„Денеска сме тука да зборуваме за недостатокот на работната сила во Македонија, да не заборавиме недостасува работна сила во македонија поради ниските плати, поради злоупотребите на газдите од стопанската комора кои ги прават 34 години наназад.“ - вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан трендафилов 

Инаку во предлог буџетот за 2025 година предвидено дел од вработените во влада да добијат зголемување на платата за 50%. Вработените во министерството за енергетика во просек ќе заработуваат нешто над 105 иљади денари месечно.