Дурловски го напушта Собранието
Foto

Дурловски го напушта Собранието

Пратеникот на „Коалицијата за Обнова на Македонија“ Игор Дурловски, вечерва напиша на неговиот фејсбук профил дека го напушта Собранието на Република Македонија.

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.“ - напиа Дурловски.

Foto

0 Коментари

Остави коментари