Дупката од милијарда евра во Пензискиот фонд го запали алармот, експертите бараат итни реформи

Пензискиот систем под голем фискален притисок. 

Без мерки и реформи дефицитот во ПИОМ за десет години може да стигне до неверојатни 1,3 милијарди евра - или 6,6% од БДП, покажаа најновите анализи на фискалниот совет.

Оттаму препораа сет мерки за спас на пензискиот фонд. Како најургенти - зголемување на придонесите, поголемо учество на жените на пазарот на трудот и борба против сивата економија. 

За две децении доаѓа и најризичниот период, кога транзициските трошоци ќе го достигнат врвот, а бројот на осигуреници на еден пензионер паѓа под 1,3. За три децении пак се очекува да има помалку осигуреници од пензионери 

Дефицитот во ПИОМ моментално изнесува 5,2 % од БДП или дупка од 800 000 милиони евра. За само една година пак дефицитот се зголемил за над 160 милиони евра.

Алармантната состојба ја потврди и првиот човек на ПИОМ  Никола Мемов. Согласен е дека се потребни реформи меѓу кои и зголемување на придонесите  

Фискалниот совет се осврна на вториот пензиски столб.  Нивните анализи покажуваат дека кај него е потребна промена од конзервативен на скалест модел на инвестирање во акции со повисок ризик за помладите осигуреници. За повозрасните пак осигуреници препорака е да се вложува во акции со пониски, но постабилни приноси.