Дуќанџии од „Бисер“ го повикуваат премиерот Заев да го урне „Силбо”

Пекарницата „Силбо“ е дивоградба и премиерот Зоран Заев треба да наложи нејзино уривање. Ова е барање на здружени сопственици на локали од ТЦ „Бисер“ во Аеродром. Тие тврдат дека за објектот сопственикот нема никаква дозвола.

- Почитуван премиере… Ве повикуваме да се уверите дека оваа дивоградба на пекарница „Силбо“ е повеќе нелегална и побесправна од онаа во ТЦ „Мавровка“, се вели во текстот од сопственици на локали во „Бисер“.