Дука се заблагодари за упатените честитки, АА/Алтернатива поднесоа приговори

На неделниот втор круг гласање за градоначалник на Дебар, кандидатот на ДУИ, поддржан од СДСМ и коалицијата, Хекуран Дука доби 4.291 глас, а Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива 4.153 гласови.

Доцна попладнево на фејсбук Дука упати благодраност до сите кои му го честитале изборот и најави продолжување на проекти за подобра иднина, а од АА/Алтернатива доставени се приговори до Државната изборна комисија.

- Бескрајна благодарност за сите оние кои ми ја честитаа победата , на еден или друг начин(порака на Фб, смс, телефон…). Вашата дадена доверба ќе биде мој главен мотив и обврска за реализација на проектите кои ги ветивме. Сега продолжуваме со работа без да губиме веме, напиша Дука.

Во меѓувреме АА/Алтернатива, како што пренесува електронското издание на Коха.мк, поднеле пет прговори до ДИК околу „начинот на прибирање на резултатите во Општинската изборна комсија во Дебар“.