Дујовски: Процесот на донесување одлуки треба да биде размена на мислења а не на сили

„Ова што се случува во Собранието не е невообичаено за нас. Пратенците до таа мера се разделени по своите партиски линии што не размислуваат дека процесот на донесување одлуки треба да биде инклузивен и треба да биде рамена на мислења а не на сили. Потребни се луѓе со интегритет, силна и жестока дебата, натпревар на аргументи, онака како што беше првата линија на пратеници. За да станете пратеник не треба да имате ни средно. Треба да се биде партиски човек. Во изминатите 25 години едни исти луѓе се таму. Изборите се за да се променат луѓето и навиките. Ова не е непозната пракса. Вистинско време е да го разгледуваме профилот на пратеникот. Ние сме го довериле гласот за да не претставува во Собрнаието. Ако ги погледнете профилите на пратенците, сите се со високо образование, но со могу мало исксутво во струката од каде доаѓаат. Има луѓе кој немаат ни елементарно познавање од работата и затоа ни се случуваат овие работи.“ - вели за Студио 10 Никола Дујоски, универзитетски професор.