Дујовски: Нема опасност од нарушување на безбедносната состојба во Македонија по настаните на Косово

Безбедносната состојба во Македонија е под контрола и засега нема опасност од прелевање на тензиите меѓу Србија и Косово кај нас, вели деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.Сепак ситуацијата мора будно да се следи.

Она што загрижува е дека односите меѓу двете држави не одат во добар правец напротив се влошуваат додава Дујовски. 

Претходно и министерот за Внатрешни Оливер Спасовски изјави дека безбедноста во земјава не е во опасност после последните случувања на Косово и ја изрази увереноста дека стратешките партнери ЕУ и САД нема да дозволат црни сценарија и ќе извршат силен притисок за да се вратат работите во нормала.