ДУИ влезе во судир со Пендаровски поради назначувањето на Муслиу во Aгенцијата за разузнавање
Ден по именувањето на Еролд Мусилу за прв човек на Агенцијата за разузнавање , од коалицискиот партнер во власта ДУИ – повик до претдателот Пендаровски да ја пресипита одлуката за изборот на Муслиу. Бујар Османи вели одлуката за ова именување ги вознемиралила и фрллила сенка на денот кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби.
За Пендаровски нема дилема дека Муслиу е вистинскиот избор за прв човек на Агенцијата за разузнавање, засега нема да се разгледува барањето на ДУИ – од претседателскиот кабинет велат станува збор за врвен професионалец - неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби.
„По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји.“ велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Новиот директор на агенцијата во изјава за Аласат М вели дека е назначен од Пендаровски кој беше поддржан за претседател и од ДУИ.
„Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во Влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму.“
Премиерот Заев вели дека изборот на Мусилу е одлука на претсдателот и дека дека нема да се меша. Еролд Муслиу досега беше заманик во Агеницјата за разузнавање, а за нов директор беше назначен вчера од претседателот Стево Пендаровски.