ДУИ со обвинувања за Тасевски, синдикалецот со контраобвинувања за партизација и непрофесионализам

Не стивнуваат реакциите за случувања во Македонска навигација, кои ескалираа со упад во институцијата на 4 јануари, кога беа нападнати тројца вработени. Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека правосудството е заробено и партизирано од СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интерсен е ставот на судот кој аргументирано ја демантира целата оркестрирана хистерија и еуфорија, велат од ДУИ. Оттаму со низа обвинувања и лични дискредитации за првиот синдикалец. Тврдат дека тасевски е доказ, за како што велат, непотизмам во М-НАВ.

„Тасевски е националист кому му пречат вработувања и на Албанци во институцијата како и таа институција да се предводи од Албанец затоа што негов животен сон е да стане директор.“ - велат од ДУИ.

Јас сакам да бидам само претседател на синдикат кој ќе има нормални директори, и да се концентрирам само на членството, за подобрување на условите за работа, вели во реакцијата претседателот на синдикатот на М-НАВ Аалександар Тасевски за ТВ 24.

И Демократскиот сојуз најостро ги осудува КАКО ШТО ОБВИНУВААТ обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во контролната кула за летање на скопскиот аеродром.

„Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите.“ - велат од Демократскиот сојуз.

Од Европскиот сојуз за промени сметаат дека ДУИ физичките напади врз албанските професионалци сака да ги претстави како патриотизам. Според нив, ова само ја потврдува паниката и стравот од пораз во кој се наоѓа оваа партија. Од СДСМ и денеска без коментар за обвинувањата на нивна сметка од опозцијата и во македонскиот и во албанскиот блок.