ДУИ: Поделбата на Mакедонија на региони била само идеја на ограноците
Идејата што ја заговара Али Ахмети за можни уставни измени за принципот победник со победник да стане обврска, за дел од учесниците во преговорите за Охридскиот договор е барање за преуредување на унитарниот карактер на Државата, односно од унитарна во бинационала, а тоа излегува надвор од рамката на Рамковниот договор.
Дел од нив толкуваaт дека се работи за популизам на ДУИ како опозиција, кој нема подлога ниту во Рамковниот ниту во законите кои произлегуваат од него. Го проблематизираат и Пол Вилијамс кој велат дека бил консулатантт на албанската страна во преговорите.
Дека идејата е несериозна, по власта и опоозицијата од македонскиот блок денеска порачуваат и од Вреди.
„Ми изгледаат доста несериозни, ДУИ 22 години беа на власт и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ и можеа сите овие идеи да ги спроведат додека беа на власт. Сега во опозиција што ќе им текне кажуваат, но мислам дека не се сериозни, тоа е само за политички поени. Ние политичарите и во позиција и во опозиција кога зборуваме нешто треба да имаме пошриок консензус. Сум кажал, за се можеме да разговараме, меѓутоа 22 години ништо не си кажал и сега од опозиција за два месеци имаш големи идеи кои се искрено, тешко спроведливи. Им поскаувам да бидат поконструктивна опозиција а не вака да излегуваат со работи кои не држат и тешко поминуваат, вели Таравари..
Од ДУИ пак тврдат дека идејата за поделба на Македонија на региони, по примерот на Северна Ирска и Белгија била само идеја која дошла од партиските ограноци, каде како што велат се нафрлаат секакави опции.
- Точно е дека г. Али Ахмети има ангажирано американска правна екипа на експерти за да понудат платформа за меѓуетнички легитимитет на институциите на земјава, а тоа може најдобро да го подготват и предложат авторите на Охридскиот договор , како што е Пол Вилијамс. Се работи за една од најдобрите светски екипи и се надеваме дека ќе предложат платформа за надминување на сегашната криза на нелегитимната и моноетничка Влада во земјава. - велат од ДУИ.
ТВ 24 веќе обави дека против идејата која во интервју за ТВ 24 ја најави потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми се и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а како неприфатлива ја оцени и премиерот Христијан Мицкоски во првото премиерско интервју за ТВ 24.