ДУИ почна „стража на јазикот“ пред Уставен до седницата за Законот за употреба на јазиците

Пред Уставниот суд се поставени шатори на опозициската ДУИ, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до среда, кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на законот за јазици“.