ДУИ: Ова не е правда, ова е неоправдана агресија врз албанците, ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ бега од одговорност
Ова е одмазда и неправедна агресија а не правда - Дуи со остра реакција после апсењето на уште двајца екс министри од редовите на партијата во врска со кочанската трагедија и најавуваат дека ќе ги преземат сите потребни мерки за да се спречи како што потенцираат продолжувањето на нападот против албанскиот народ.
„Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на власта. За да се заштитат себе си и своите, премиерот, министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот. Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена еднострана и неправедна агресија, без разлика дали станува збор за ДУИ, за албанските партии во власта или за Албанците воопшто“, велат од ДУИ.
Од 2011 година со ова министерство управувале исклучиво кадри на ДУИ. Ваљон Сарачини бил министер три години од јули 2011 година до 25 јуни 2014 година во Владата на Никола Груевски.После него на министерската фотеља доаѓа Беќим Незири кој функцијата ја извршува до 18 јануари 2016та година.Негов наследник е Дритон Кучи кој со Министерството управува една година или до 1 јуни 2017 година кога за министер во Владата на СДСМ и ДУИ е поставен Крешник Бектеши чиј мандат трае седум години- до 13 јуни 2024 година. Досега уапсени се сите наведени, Бектеши е во 30 дневен притвор а Дритон Кучи кој е амбасадор во Норвешка се огласи дека со првиот лет се враќа во земјава оти верува во правдата за општото добро.
По претходните 30, истрагата за пожарот во Пулс сега се проширува за над 23 нови осомничени,но меѓу нив не е актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши. Тој неодамна на прес конференција изјави дека не чувствува одговорност оти според него, Министерството за економија не е надлежно и нема механизам за проверка дали некој има лиценца.
Досега на 30-дневен притвор од министерството за економија освен поранешниот министер Крешник Бектеши, се и поранешниот државен секретар за економија, како и уште тројца други вработени во секторот туризам.