ДУИ најавува блокада на законот за "двојните државјанства"
Законот за пратеници со кој ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој ќе забрани двпјно државјанство за повеќе функционери ќе биде блокиран, најавуваат за ТВ 24 од ДУИ
"Законот за пратеници е еден од законите за кои според новиот Деловник важи филибастеринг, односно не се ограничени дискусиите за пратениците. Ние можеме да го блокирамд и со еден амандман, ама имаме најмалку 30, велат од ПГ на ДУИ за ТВ 24
Освен ДУИ, амандмани за законот но во контекст на проширување на законот имаат од СДСМ, интервенции има и независниот пратеник Бејџан Иљас,.
Освен законот за пратеници овие правила важат и за Деловникот, но и законот за Собрание.
Но не и за законот за Влада. Според информации од власта, мнозинството планира токму тој закон со кој се укинува "пржинската Влада да помине на комисија уште денеска.

