ДУИ ќе гласа за в.д градоначалници

Пратениците на Али Ахмети ќе ги гласаат измените на Законот за локална  самоуправа, со кои до изборите во октомври следната година со општините Сарај, Аеродром и Гостивар ќе раководат в.д градоначалници.

Со тоа власта има и 2/3 мнозинство и т.н голем бадинтер, односно 23 пратеници од немнозинските заедници ќе гласаат „за“.

Од СДСМ се уште немаат став дали ќе го поддржат решението. Измените ги поднесе владејачката коалиција во Собранието, односно потпишани се координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, доцна во петокот откако ден претходно министерот за локална самоуправа на прес конференција кажа дека нема видено такво законско решение и дека тоа требало да го сработи коалискиот партнер вреди.