ДУИ: Кандидатот за јавен обвинител на Република Северна Македонија ги исполнува формалните услови за функцијата за која е предложен

Кандидатот за јавен обвинител на Република Северна Македонија ги исполнува формалните услови за функцијата за која е предложен.

Очекуваме неговото работење да не биде дел од очекувањата на власта за обвинител близок до политиката, туку да придонесе за зацврстување на владеењето на правото и за гонење на криминалот со почитување на современите стандарди на правична и фер постапка, велат од ДУИ.

Во исто време, владата не спроведе транспарентен и консултативен процес при предлагањето на кандидатот, што остава дилеми околу пристапот на владата во вакви клучни именувања, нагласуваат од ДУИ.