ДУИ ја поднесе иницијативата за анкетна комисија, како што објави ТВ 24 од СДСМ потпишан е само Битиќи

Пратениците на Али Ахмети ја поднесоа Анкетната комисија за инциденотот од реконструкцијата со која бара одговорност од Иван  Стоилковиќ и Африм  Гаши за инцидентот кој според сведочењата на опозицијата Стоилковиќ ги навредувал, пцуел и за малку била извегната физичка пресметка.

Како што објави ТВ24 Дуи бара да се утврди одговорност , но и да се обезбедат снимките од безбедносните камери. 

Како што објави ТВ 24 на иницијативата освен пратениците од опозицијата во албанската опозиција, единствено е потпишан пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, но не и Митко Трајчиловски кој исто со Битиќи беше нападнат од Стоилковиќ. 

Како што веќе објави ТВ 24 според извори од ДУИ,на ПГ на СДСМ им било понудено да се приклучат на иницијативата но тие не го направиле тоа.