ДУИ го осудува насилството и политичката злоупотреба на трагедијата во Тетово од страна на опозицијата
„Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово.
Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори.
Демократската Унија за Интеграција ги повикува политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.
ДУИ исто така го осудува вербалното родово насилство и бруталните пароли што беа користени од страна на организаторите.
Демократската Унија за Интеграција, ја осудува и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права.
Оценуваме дека домашните истражни органи заедно со германските експерти веќе ја извршуваат нивната истражувачка работа, со цел што е можно поскоро да се разјаснат причините што довеле до трагедијата.
Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка.“ - Демократска Унија за Интеграција.