ДУИ го обвинува Мицкоски дека ќе прави инциденти за да ги обвини нив, од влада демантираат и тврдат Ахмети измислува
Кој тоа ја кажува вистината, а кој се обидува да ја манипулира јавноста. Власта со сериозна критика на адреса на ДУИ откако во ТВ гостување вчера Арбр Адеми дирекно го обвини премиерот дека наводно ги убедувал странците дека ДУИ е спремна да убие свој кандидат за градоначалник за да предизвика инцидент во пресрет на локалните избори од Илинденска денеска дирекно со став
Влада на Р.С.М
- Ова е уште една очајна измислица на ДУИ . Кога немаат што да понудат и се соочени со сопствените неуспеси и криминал , единствено нешто што може да направат е да измислат приказни и да се обидуваат да создадат тензии. Ова е нивна проверена тактика секогаш кога ќе почувствуваат дека ја губат поддршката на народот. Али Ахмети и неговото раководство се очајни затоа што прв пат по две децении гледаат дека граѓаните од сите етнички заедници се обединети против нивното владеење засновано на корупција закани и партиски привилегии . Кога нема да го спомнуваат името на Мицкоски ДУИ нема што друго да покаже.
Адеми вчера во телевизиско гостување негираше дека ДУИ кокетира со национализам и дирекно го впери прстот кон Мицкоски дека како што рече токму тој го правел тоа и дека идел до таму што на странците им раскажувал дека ДУИ планирала сценарио наводно да убие свој кандидат за градоначалник за да предизвика тензии, дека планирале да запалат и џамија и дека ги обвинувал дека тие стоеле зад пожарите.
Адеми и денеска од партиското седиште во Скопје со слични пораки до Мицкоски дека сака да ги дефакторизира албанците и албанското гласачко тело.
Односите помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе извесен период особено во кампањата се во насока на обвинувања за тоа кој се обидува да предизвика дестабилизација и тензии. Од Мала Речица дури и во своите пресконференции го дефинираа премиерот на моменти како албанофоб кој сака слаби партии во албанскиот блок за да може тој да одлучува кој ќе биде со него во власта а кој не.

