Демократската унија за интеграција го обвини Изет Меџити за брутален непотизам. Од партијата велат дека на Меџити му „расте само неговото лично богатство и влијание“.
Од Вреди пак возвратија на обвинувањата - ДУИ ги боли, затоа што токму Меџити ги симна од власт и ги испрати во опозиција.
