ДУИ: Двата партиски предлози на Вреди за членови на советот на обвинители не ги исполнуваат условите

Демократската унија за интеграција го осудува отворениот обид на ВРЕДИ да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители. 
 
За Ардијан Демир приложените фотографии се најмал доказ за неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџит.  Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција. Додека другиот кандидат, исто така член и поддржувач на Вреди, Ведат Салихи, не ги исполнува условите за работен стаж согласно законот и по завршувањето на конкурсот достави дополнителни документи. Вреди не го интересира ниту Европа, ниту владеењето на правото, ниту реформите, туку само партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити. 
 
 ДУИ ги алармираше пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на Вреди да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти.