ДУИ: Да се преиспита улогата и одговорноста на УЈП

Да се преиспита улогата и одговорноста на УЈП, како фирмата што ја управувала дискотеката Пулс-МММ Кафе ДООЕЛ Кочани работела со блокирана сметка од јули 2024 година и кој ја отворил откако била затворена од УЈП во декември истата година поради неиздавање фискални сметки реагираат од ДУИ и прашуваат кој и како имал влијание врз донесувањето на таквата одлука. 

0 Според информации објавени во медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворена и пломбирано од страна на УЈП во втората половина на декември 2024 година, поради утврдени прекршувања поврзани со неиздавање на фискални сметки. Сепак, и покрај тоа што фирмата што ја управувала дискотеката, „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, имала блокирана сметка уште од јули 2024 година, истата повторно започнала со работа многу бргу, без никакви институционални пречки или законски санкции. Неповлекувањето на одлуката за забрана за работа односно недозволувањето за вршење на работа, би значело дека кабарето немаше да биде активно подолг период, а со тоа веројатно ни за кобната ноќ.Ако овие сомнежи се покажат како основани, тогаш тоа претставува директен атак врз владеењето на правото и демонстрира политичка интервенција во независноста на институциите. - стои во соопштението на ДУИ.

Од Управата за јавни приходи за тв 24 велат дека поради сензитивниот период ќе се воздржат од соопштување на информации се со цел да се спречи влијание на истрагата.  

- Управата за јавни приходи соработува со надлежните органи во насока на обезбедување на потребни докази и информации за потребите на истражните и кривичните постапки. Ја користиме оваа прилика за апел - да не се шпекулира со информации и да не се изнесуваат информации кои не се потврдени од истрагата, вклучувајќи ги и информациите кои се однесуваат на законските надлежности и постапките на УЈП, имајќи предвид дека целокупната јавност е потресена од овој трагичен настан. - велат од УЈП за ТВ 24.

Мора да се истражат сите инстутиции кои очигледно затаиле кога е во прашање работата на овој објект рече Адвокатот Тортевски во гостување во 24 анализа.

Инаку според информациите од ДПИ последната инспекција направена во објектот е во  2022 година.